Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што пишуваа српските медиуми за таткото на Ѓорчев кој е во кома по вакцината во Ниш

Што пишуваа српските медиуми за таткото на Ѓорчев кој е во кома по вакцината во Ниш

Повозрасен државјанин на Македонија падна во кома по вакцинирањето во Ниш. Ваква информација пренесоа викендов српските медиуми, а јавноста синоќа дозна дека станува збор за таткото на Владимир Ѓорчев, Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев.

Самиот Ѓорчев, преку социјалните мрежи ја исвести јавноста дека неговиот татко се бори за живот и е на респиратор во Ниш.

Имено, 73-годишен маж од Северна Македонија, на кого му се слошило по вакцинирањето вчера, е во кома, потврдил и директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ, кој вели дека првично исклучиле кардиолошка причина, пренесоа медиумите од Србија.

- Имајќи предвид дека пациентот имал операција со 4 бајпаси, направена е коронарна ангиографија и се снимени бајпаси, нема знаци на срцев удар, ништо не се случило околу срцето, го исклучивме тоа - рече Перишиќ.

Тој додаде дека, во зависност од состојбата на 73-годишникот, ќе се обидат да направат и друга дијагностика.

Од друга страна, експратеникот на опозицијата, наведува дека неговиот татко имал 3 бајпаса и 3 стента.

„И, после 45 години стаж во лечење и медицина, власта во неговата сакана Македонија НЕ му обезбеди 1 (една) обична вакцина. Не обезбедија вакцини речиси за никого. Македонија немаше вакцина за старите луѓе со нарушено здравје. Тој е лекар, пулмолог, интернист, професор што предаваше на студенти, човек што лечи луѓе, сеуште активен доктор, со 45 години лекарски стаж, со слабо срце“, пишува Ѓорчев. 

Слично

Поврзани вести