Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што пишува Шпигл за референдумот во Македонија?

Што пишува Шпигл за референдумот во Македонија?

Германски Шпигл го анализира референдумот кој завчера се одржа во Македонија. 

Млакото  ЗА на референдумот ја отвора торбата на митолошкиот Еол, и пушта нови ветришта за регионот и за премиерот Зоран Заев.  Многу од гласачите немаат илузии, затоа не гласаа, што зборува за една друга реалност, за разочараност од владеењето како на националистичко конзервативната партија на поранешниот премиер Никола Груевски, така и на новата реформска влада под водство на социјал-демократот  Заев, кој според многумина – не прави доволно против корупцијата и непотизмот, пишува весникот Шпигл. Сега Заев, и покрај изјавата дека „огромно мнозинство“ гласаше за договорот со Грција, со што се обидува да си го сочува образот , се соочува со неопходноста за договорот да се гласа во Собранието, од најмалку две третини пратеници, мнозинство што неговата влада засега го нема, додава Шпигл. 

Слично

Поврзани вести