Што пишува грчки Катимерини за името?
Атина и Скопје продолжуваат да бараат универзално решение на спорот за името, пишува грчкиот весник Катимерини во коментар насловен „Уште едно име на масата“, а повикувајќи се на добро информирани извори.
„За време на последниот круг од преговорите предмет на дискусија станало име поврзано со Крушево и Крушевската Република, прогласена за време на Илинденското востание од 1903 година“- додава весникот.
Грчките медиуми информираа дека најмалку еднаш, а можеби и два пати, телефонски разговарале премиерите на Македонија и Грција, во периодот откако ги известија политичките сили во двете земји пред една седмица за текот на преговоите. Темата на разговор, била имплементацијата на ерга омнес за име од пакетот предлози на медијаторот Нимиц.
