Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што открива документ на ЦИА за Македонија и Балканската федерација?

Што открива документ на ЦИА за Македонија и Балканската федерација?

Во еден од документите на ЦИА се наоѓа и документ од 5 јуни 1947 година насловен како „Македонија и Балканската федерација". 

Во овој документ стои дека Бугарската комунистичка партија се согласила да го даде пиринскиот регион на Македонија, ако лидер на новата Балканска федерација биде Ѓорги Димитров, а не Јосип Броз Тито.

Бугарската комунистичка партија во 1947 година била подготвена на Македонија да му го отстапи пиринскиот регион како дел од решенијата за балканските проблеми. Како отстапка за ова, Бугарија сакала да добие излез на Егејско море заедно со дел од грчко-бугарската граница, Македонија да го добие Солун, а лидерот на нивната партија, Ѓорги Димитров, а не Маршалот Тито (лидерот на Комунистичката партија на Југославија) да ја води Балканската федерација.

Бугарските комунисти како вовед за ова предложиле и договор за царинска и монетарна унија и блиска економска, културна, воена и политичка соработка.

Идејата за Балканска федерација се споменува уште кон крајот на 19 век. Таа идеја беше секогаш меѓу прогресивните политички мислители од регионот. На 15 јануари 1942 година договор за ваква федерација потпишале кралевите на Грција и Југославија. Основниот принцип на договорот е „Балканот на балканските народи“, меѓу кои, тогаш воопшто не се споменува македонскиот народ. Кралот на Хелените, Георги Втори, и кралот на Југославија, Петар Втори Kараѓорѓевиќ, тогаш се наоѓаат во егзил во Kаиро, одржуваат говори по повод потпишувањето на договорот и изразуваат надеж дека федерацијата ќе им обезбеди „среќа и просперитет на народите на полуостровот“.

Во активностите за формирањето на грчко-југословенската федерација без Македонија, тогаш се разгледувала и варијантата за приклучување кон федерацијата и на Романија, Албанија и Бугарија, како противтежа на руското влијание на Балканот.

Слично

Поврзани вести