ШТО ОДЛУЧИЈА ОД ВМРО-ДПМНЕ: Ќе дојдат ли утре на седница?
Пратениците oд ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во работата на Собранието.
Тие се револтирани од одлуката на Кривичниот суд, кој
денеска им го продолжи притворот на пратениците осомничени за насилствата во
Собранието на 27 април.
Претходно и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев и
премиерот, Зоран Заев рекоа дека очекуваат опозицијата да се врати во Собранието.
Заев изјави дека ако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ утре не дојдат седницата ќе биде многу кратка, затоа што тој нема намера да одговара на пратениците од владејачкото мнозинство.
На вчерашната средба со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како што кажа, се согласиле за многу работи што се во надлежност на партиите и му порачал дека постапките на судот се надвор од нивната надлежност.
