Што одлучи ДУИ по седум часа расправа?
Централното претседателство на ДУИ го овластило лидерот на партијата да има мандат во секој момент да донесе одлука за потписите на пратениците на ДУИ за поддршка на Зоран Заев да го земе мандатот од шефот на државата, потврдуваат високи партиски функционери за ТВ 24.
Дадено е овластување преговарачите да ги допрецизираат деловите кои се незавршени, заедно со тимот на СДСМ.
Претседателството на партијата го овластило лидерот на ДУИ, Али Ахмети да донесе одлука за потписите на 10-темина пратеници за поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во неговата намера да го добие мандатот за составување нова влада.
Се очекува состанокот на централното претседателство да продолжи утре.
Состанокот во Мала Речица траеше 7 часа.Ден претходно средба имаше меѓу Заев и Ахмети. Од партиите потоа соопштија дека ставовите се доближени за некои прашања.
