Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што одлучи ДКСК за разрешувањето на Оливер Андонов од функцијата директор на „Јасен“?

Што одлучи ДКСК за разрешувањето на Оливер Андонов од функцијата директор на „Јасен“?

Оливер Андонов е законски разрешен од функцијата директор на Јавното претпријатие „Јасен“, потврди Комисијата за спречување на корупцијата. 

Андонов се жалел до комисијата и доставил документи. 

„Видно од прилозите поднесени кон приговорот, самото дејствие на разрешување во форма на одлука е донесено на 5.8.2017 година, ден кој не ги опфаќа распишувањето и донесувањето на одлука за распишување на локални избори 2017, како ноторен и неспорен факт. Ова истото се гледа и од прилогот.“- изјави Игор Тантуровски, претседател на ДКСК. 

Андонов изјави дека не ја сака поранешната функција во „Јасен“, туку дека сака владеење на правото.

„Немам намера да се вратам во „Јасен“ и да ми понудат, туку сакам да се почитува правото за тоа дали некој ќе биде разрешен и во која процедура“- вели тој. 

Тој функцијата во „Јасен“ ја извршуваше три и пол месеци и меѓу другото се грижеше и за бункерите на АРМ кои во случај на воена криза би требало да бидат команден центар на војската, но и место за засолнување на државниот врв.

Слично

Поврзани вести