Што одговори Сарачини за заканите кои ги упатува Асани?
Државниот секретар и советник на министерот за култура, Петрит Сарачини, вели дека одговорност треба да чувствува оној што ги крши правата на новинарите, но не одговори дали е тоа и Владата.
„Доколку некој вработен во Владата, министерствата или кој било државен орган се заканува на новинари, јас би сакал да ја знам таа информација и се надевам дека кој било ќе ја сподели со нас. Моето присуство го демонстрира мојот став. Според мене, има слободни медиуми и има медиуми што не се слободни“- изјави Сарачини.
Тој рече дека лицето за кое се зборуваше денеска на протест не е државен функционер.
Слично
