Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што очекува Сиљановска-Давкова по победата на Радев во Бугарија?

Што очекува Сиљановска-Давкова по победата на Радев во Бугарија?

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова вели дека со Румен Радев како поранешен претседател на Бугарија не се согласувале за многу работи, но посочи дека умеат да се сослушаат со почит и како што рече, да заклучат дека ќе бараат решение.

„Очекувам да се видиме, да разговараме и да трагаме по ново решение“, вели Сиљановска-Давкова по вчерашните избори во Бугарија на кои победи Радев. 

Сиљановска-Давкова вели дека резултатите од вчерашните парламентарни избори во Бугарија се очекувани со оглед на високиот рејтинг на Радев.

„Мислам дека бугарските граѓани се изморија од нестабилни влади кои постојано се менуваа и веројатно затоа ѝ ја дадоа довербата на новоформираната партија на Радев. Резултатот е очекуван. Да видиме дали после многу падови ќе опстои подолго една бугарска влада. Тоа беше отежнувачка околност на градењето односи со нас иако сите знаеме дека сите премиери секогаш се повикувале на одлуките, декларациите и резолуциите на парламентот на Бугарија кога е во прашање политиката со нас“, рече претседателката. 

Претседателката изрази очекување дека Радев како иден премиер ќе ја искористи поддршката од граѓаните и своето долгогодишно политичко искуство во насока на надминување на проблемите со кои се соочува Бугарија.

„Прогресивна Бугарија“ на поранешниот бугарски претседател Румен Радев доби најмногу гласови на гласањето во Македонија за парламентарните избори во Бугарија.

Партијата на Радев доби вкупно 160 гласачи, според податоците од изводот од записниците во петте избирачки места, цитирани од БТА.

Бугарија бара Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот за да почне преговори сп Европската Унија(ЕУ). Но, власта во Македонија не сака да го стори тоа ако нема цврсти гаранции дека нови блокади нема да има. 

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести