Што очекува Гарет од новата влада?
Мора посветено да се работи на составување нова Влада, вели британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет.
Тој очекува идната влада да биде целосно посветена на реформите.
„Многу работи зависат од состаноците и од разговорите што се одржуваат, ситуацијата сѐ уште не е решена, ги имаме резултатите од декемвриските избори и сега е важно сите политички партии да направат сѐ што можат, да ги истражат сите можности за составување влада, која ќе може да продолжи да ги спроведува реформите откако ќе биде формирана“- изјави Гарет.
Ова тој го изјави за новинарите пред почетокот на Конференција посветена на споделување практики и иновативни модели за подигнување на младинската вработливост во Европа.
Слично
