Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што нуди Сашо Мијалков за да се брани од слобода?

Што нуди Сашо Мијалков за да се брани од слобода?

За да се брани од слобода, односно да биде пуштен од притворот во Шутка, Сашо Мијалков нуди гаранција од милион евра.

Станува збор за три недвижни имоти со вкупна вредност од 1,092 милиони евра кои ги понудил поранешниот директор на УБК, објави Телма повикувајќи се на судски извори.

Адвокатите ова го потврдиле, но не се открива како имот се става во залог, нити дали е лично во негова сопственост или е на негови блиски. 

Наскоро судоит треба да одлучи дали ќе биде прифатена гаранцијата.

Мијалков е во истражниот затвор Шутка од 20 ноември, а обвинет е за повеќе дела.


Слично

Поврзани вести