Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО НОСИ ВИКЕНДОВ РАЗОРНИОТ ЦИКЛОН ВО МАКЕДОНИЈА: Огромни бранови на Охридското езеро, олуен ветер, но и снег

ШТО НОСИ ВИКЕНДОВ РАЗОРНИОТ ЦИКЛОН ВО МАКЕДОНИЈА: Огромни бранови на Охридското езеро, олуен ветер, но и снег

Чудовиштетот од циклон, како што го нарече метеорологот Славчо Попоски, веќе пристигна на Балканот. Силно невреме ја зафати Хрватска, односно Далмација, а од вчера преминува и кон Македонија.

Во неговата објава на Фејсбук наведува дека во регионот, особено во Словенија, Хрватска и во Босна, со продорот на студен воздух од север ќе има и снег. 

-Поради зголемениот интензитет на врнежите, снегот исто така би можел да прави проблеми, особено на планинските места. Кај нас од понеделник и тоа на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. До тогаш ќе имаме невообичаено високи температури за овој дел од годината и Сахарска прашина и песок во Атмосферата. Температурите кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, високи ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот. Од понеделник па натаму истите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради продорот на студен воздух од север. Треба да се напомене дека поради заладувањето, провејување на снег би можело да има понекаде и во градовите и тоа особено на северот од Македонија, пишува Попоски.

Советува крајна претпазливост поради олујниот јужен и југоисточен ветер кој се очекува понатаму. -Препорачуваме да нема движење со чамци низ охридското, преспанското и дојранското езеро и тоа поради големите бранови кој се очекуваат, особено во охридското езеро каде ветерот ќе биде најсилен, пишува Попоски.


Слично

Поврзани вести