Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ни покажува Хидролошката слика за Македонија?

Што ни покажува Хидролошката слика за Македонија?

Хидролошката карта на Македонија денеска е поделена на две зони. Западниот и централниот дел на државата се со зелена боја, што значи стабилизација на водостоите, додека источниот и североисточниот регион се наоѓаат под „жолт хидроаларм“. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува на потенцијална опасност во сливовите на реките Брегалница, Струмица и Пчиња.

Според најновата карта за хидроаларм која се однесува на денешниот ден, 29 ноември 2025 година, состојбата на терен бара зголемена внимателност во точно определени региони.

Во селото Облешево има излевања и штети. 

До вторник ќе биде претежно облачно и суво, а во среда ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. До крајот на неделата во утринските часови ќе има појава на магла во одделни котлини.

Слично

Поврзани вести