Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што напиша Иванов на Фејсбук за Јани Бојаџи?

Што напиша Иванов на Фејсбук за Јани Бојаџи?

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов преку социјалните мрежи му даде поддршка на режисерот на „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи.


„Ругање со Христос“ е многу актуелен во јавноста по изјавата на министерот за култура Асаф Адеми, кои без да го гледаат, од трејлерот и сценографијата, констатираа дека е скандалозен и дека ги повредува чуствата на Албанците, затоа што припадниците на ОНА се прикажани како насилници. Според него, филмот има спорен политички контекст, по што беше побарано од државниот правобранител да го суспендира.

„Ругање со христос“ може слободно да се прикажува низ кино-салите откако Основниот суд Скопје 2 соопшти дека вчера од Државното правобранителство на Република Македонија му е доставен поднесок за повлекување на предлогот за изрекување привремена мерка за забрана за прикажување.

Таткото на Бојаџи деновиве беше уапсен, а потоа и ослободен во случај за тргување со артефакти. 

„Бескрајно сакам да верувам во случајности, во погрешно место и погрешно време. И, да, секој чесен човек треба и мора да верува во независноста и непристрасноста на судот и обвинителството. Бескрајно ви благодарам на сите за поддршката кон мене и моето семејство. Не знам како да ви се оддолжам освен со ветување дека следниот мој филм ќе биде подобар од овој“- напиша Бојаџи, чиј татко беше приведен, на денот на премиерата на неговиот филм „Ругање со Христос“.

Неговиот татко не беше помеѓу седуммината на кои судот им одреди мерка притвор, а кои беа уапсени во истата акција, во која е проведен и таткото на Бојаџи.

Слично

Поврзани вести