Што најмногу му пречи на Милчин кај актуелната власт
Владимир Милчин, поранешниот управител на фондацијата Отворено општество, во интервју за Слободен Печат вели дека најголема слабост на актуелната власт се кадровските решенија.
– Власта опива. Се покажа дека и новата власт не е имуна на таа болест. Она што ме изненади беше тоа дека првите симптоми се покажаа набргу по преземањето на власта и со првите кадровски решенија што предизвикаа оправдан револт во јавноста. Скандалите се случуваат речиси секојдневно. На критиките, власта одговори арогантно. Денес, расчекорот меѓу ветувањата и остварувањата е огромен. Првата жртва беа денес заборавените реформски приоритети, вклучително и реформите во судството, обвинителството и безбедносните служби. Скопје 2014 сè уште стои нечепнато. Јавната администрација забрзано набабрува, а нејзината ефикасност опаѓа „благодарение“ на вдомувањето на партиските кадри и роднините на партиските функционери. Клиентелизам + непотизам + корупција = аждеризам. Македонија се празни, иселувањето достигнува димензии на егзодус. Не знам дали е пострашно отсуството на волја или отсуството на стручност кај оние што денес владеат со нас - вели Милчин за Слободен Печат.
