Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО МУДРО СМИСЛИЈА МИНИСТРИТЕ - како земјите да останат на европскиот пат по одбивњето

ШТО МУДРО СМИСЛИЈА МИНИСТРИТЕ - како земјите да останат на европскиот пат по одбивњето

Подобрување на методологијата на проширувањето и потребата да се задржи европската перспектива на земјите од регионот, според шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, биле во фокусот на разговорите на министрите за надворешни работи на земјите членки на унијата и на Северна Македонија и Албанија на денешниот работен појадок организиран од Грција.

Дендиас, по неформалниот состанок оценил дека работниот појадок поминал успешно, и изразил верување дека во одреден степен нешто се постигнало. Додал и дека на грчката иницијатива позитивно одговориле над 20 европски министри за надворешни работи, јави МИА.

„Корисна прва можност, по Европскиот совет во октомври, да размениме мислења за тоа како можеме да одиме напред во следниот период. Беше доставено барање за подобрување на методологијата за проширувањето и за потребата да се задржи во фокусот европската перспектива на Северна Македонија и на Албанија, но и на останатите земји од регионот, секако секогаш во рамките на усогласеноста со европското законодавство. Верувам дека во одредена мерка, нешто постигнавме денеска. Плодна и суштинска дискусија и еден чекор напред. Ќе продолжиме да работиме за да постои позитивна разврска, евентуално следниот март, кон посакуваната насока“, рече Дендиас.


Слично

Поврзани вести