Што му ветил Заев на Борисов, прашува ВМРО-ДПМНЕ
Премиерот Зоран Заев да одговори што му ветил на бугарскиот колега Бојко Борисов за прифаќање на јазикот, историјата и малцинството.
Ова го бараат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев без трошка срам го лаже сопствениот народ и ги распродава државните национални интереси. Заев од Македонија направи држава со свиткана р’бет и понижен народ. Заев има две карактеристики, краде, а кога не краде неговата неспособност убива луѓе зошто ништо не прави за справување со корона кризата. Заев од владата направи пазар и се само поради една цел, а тоа е да ја задржи фотелјата и да продолжи да краде. СДСМ и Зоран Заев се најголемата штета што може да се случи во државата и на народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска имаше изјава на бугарски политичар кој вели дека Македонија треба да се спои со Бугарија и дека тоа е логично.
Слично
