Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што му вети Заев на Тимоние?

Што му вети Заев на Тимоние?

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изјавил дека силно се посветени на практична имплементација на сите донесени закони и реформски чекори.

„Нашата определба како Влада е, во следниот период, заедно со опозицијата, уште пофокусирано да се посветиме на решението за Законот за јавно обвинителство. Ефикасно правосудство и борба против корупцијата се двете важни области за нашата држава, што е европски определена и очекува исчекор во октомври во делот на евроинтеграциите“, изјавил Заев.

Заев разговарал со Тимоние и за економските чекори што ќе се преземат со цел зголемување на платите и пензиите и поголем економски раст.

Слично

Поврзани вести