Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ и од МНР на Павлопулос?

Што му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ и од МНР на Павлопулос?

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавата на грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос за името на Македонија. 

Велат дека пораките на грчкиот претседател се навредливи. 

„Однесувањето на претседателот на Грција и давањето иритирачки, навредувачки и потценувачки пораки до македонскиот народ и држава очигледно е смислена стратегија за зголемување на конфликтноста помеѓу двете земји, и наместо решавање на спорот, негово усложнување, со измислување наводна опасност дека името го гледаат како закана по нивните граници“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Секоја земја и нејзиниот народ има неприкосновено право на самоопределување и суверено да одлучува за своето именување и идентитет, реагираат од Министерството за надворешни работи. 

„Провокација и неприфаќање на реалноста е кога одредени политичари не можат да се соочат со тој факт. Истото е во спротивност на општо прифатените меѓународни принципи и вредностите на европската интеграција. Република Македонија останува цврсто определена и посветена на градење на добрососедски односи и соработка и го очекува истото од своите соседи. Би ценеле претседателот Прокопис да ја посети Македонија и непосредно да се запознае со постоењето на македонскиот народ, неговиот јазик, култура и идентитет, кои не претставуваат никаква опасност ниту закана за никого во регионот. Се додека има потешкотија да се разбере дека живееме во 21 век и дека споделуваме универзално прифатени вредности и човекови права кои подеднакво се однесуваат на секој човек, постои ризик да се остане заробен во минатото “ - стои во реакцијата на МНР. 

Павлопулос кажа дека се додека соседот инсистира да го користи името Македонија нема да стане дел од Европската Унија. За него  Македонија се служи со иредентизам. Додава дека македонскиот став да се користи само името Македонија претставува провокација и фалсификување на историјата.

Слично

Поврзани вести