Што му пишаа поддржувачите на Груевски на фан страната?
„Не те даваме, И 100 години да те осудат, тоа нема да го смени фактот дека ТИ си таткото на модерна Македонија“, е само еден од коментарите на поддржувачите на екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Ќе бидеш запишан во историјата како позитивна личност колку што те напаѓаат повеќе си по авторитетен главата горе“, „Главата горе Претседателе“, се пораките кои десетици граѓани му ги напишаа на Груевски на неговата фан-страница на „Фејсбук“.
„Поддршка и многу скоро да се врати државата на народот, нашата Македонија е киднапирана и уценета држава!!!“… „И вие клававте по некој денар на страна.. Ама барем гледавте и за народот! Овие ветуваа ЖИВОТ, а веќе ЖИВОТОТ ЗА ПОЛА ИМ ГО СКРАТИЈА НА НАРОДОТ! Ке дојде денот на клањање ,,Никола врати се НАЗАД“.
„Биди силен Војводо, и други Војводи поминале низ пекол но не биле заборавени, секогаш нивната храброст ке остане во Македонската историја“.
Инаку, Груевски вчера доби 2 години затвор во случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес.
По пресудата Груевски на Фејсбук напиша дека доаѓаат подобри времиња.
