ШТО МУ ОДГОВОРИ НА ПРАТЕНИКОТ КРМОВ ОД ЛЕВИЦА НА МИНИСТЕРОТ МАРИЧИЌ: Жестока расправа во собранието за пописот
Во вчерашната жестока расправа во Собранието за Законот за попис, пратеникот од партијата левица, Борислав Крмов му реплицираше на министерот за правда Бојан Маричиќ, нагласувајќи:
-Врзаниот потпис - тоа е ВЕТО, тоа мора да го знае јавноста. Ако резултатите не им се свиѓаат на ДУИ, тие може да не стават потпис и милиони евра се фрлени во вода. Тој попис нема да важи. Вие имате 46 пратеника, ДУИ има 15, а односот е 50/50!? Политичката сила е 50/50. Ветото (врзаниот потпис), кое што им го давате е единствениот начин ДУИ да ви дозволат вие да спроведете попис и тоа не гарантира ништо освен ФАЛСИФИКАТ“
Министерот за правда Маричиќ од собраниската говорница нагласи дека државата е спремна за попис, а доказ за тоа е и Извештајот на Европската Комисија, во кој е наведено дека е направен добар напредок, особено во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението, како и тестирањето на новата методологија.
Истовремено, опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта насила сака да ја спроведе оваа статистичка операција
