Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што му одговори Мицкоски на Вес Мичел?

Што му одговори Мицкоски на Вес Мичел?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски во писмо до помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, го отфрла неговото барање партијата да го поддржи Договорот од Преспа.

Тој образложува дека процесот на преговори со Грција бил воден авантуристички и нетранспарентно, дека референдумското прашање било двосмислено и оти референдумот не бил успешен.

„Овој Договор е штетен за интересите на мојата нација и татковина и како таков е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ“- стои во писмото на Мицкоски.

Тој во писмото наведува дека не верува дека Договорот ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот.

Мицкоски изразува надеж дека Македонија многу скоро ќе биде дел од НАТО и ЕУ, но како што вели, горда и достоинствена.

Вчера помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, му испратил писмо на  Мицкоски, во кое му порачува дека САД се разочарани од позициите на челниците на оваа партија, но и од него лично.

Мичел наведе дека Договорот од Преспа е историска можност. 

Слично

Поврзани вести