Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што му одговори Ковачевски на Румен Радев за уставните измени?

Што му одговори Ковачевски на Румен Радев за уставните измени?

Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав, му одговори македонскиот премиер Димитар Ковачевски на бугарскиот претседател Румен Радев. 

Вели дека уставните измени се дел од Преговарачката рамка со Европската Унија „бидејќи ние преговараме со ЕУ, не со Бугарија“. 

„И затоа сметам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи со оглед на тоа дека државата треба да стане членка на Европската Унија, бидејќи граѓаните го заслужуваат тоа“, вели Ковачевски.

Радев за БГНЕС изјави дека Мaкедонија може да каже дека гради модерно општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот. Тој има повеќе барања за да се унапреди положбата на Бугарите во Македонија.  Бугарија бара уставни измени, односно внесување на Бугарите во Уставот за да не го блокира европскиот пат на Македонија. Инаку, на 4 февруари, денот кога е роден херојот Делчев, група бугарски граѓани навредуваа полицајци на граничниот премин Деве Баир по што беа приведени, добија парични казни и забрана за влез во следните 3 години. 

Слично

Поврзани вести