Што му одговори Катица Јанева на Зоран Илиоски?
Ја разбирам нервозата на пратеникот зошто СЈО продолжува да работи, одговори специјалната jавна обвинителка, Катица Јанева за тврдењето на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ дека СЈО станало во генератор на правна несигурност.
„Специјалното јавно обвинителство работи според законот, кој вели до завршување на сите постапки“ – рече Јанева.
Претходно, Илиоски ја праша специјалната јавна обвинителка дали прислушувани разговори има на црниот пазар, како и зошто ангажираат само вештаци кои се поранешни функционери на СДСМ и ги обвини дека најавуваат обвиненија надвор од мандатот.
Пратеникот Илиоски ѝ забележа на Јанева дека во извештајот не дава детали како се потрошени околу 900 илјади евра.
Пратеникот Бетиане Китев од СДСМ, за извештајот за работата на СЈО, рече дека е реален и објективен.
