Што му одговори Антонио Милошоски на Хан на Твитер?
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски му одговори на комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на неговата изјава дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ трпат закани да не гласаат за уставни измени.
Тој на Твитер објави дека трпи „закани“ од неговата баба дека ако гласа за неустaвниот договор за името, „главата нема да си најдеш на раменици“ и бара ЕУ да го заштити.

Во интервју за австриски „Стандард“ Хан вели дека ВМРО ДПМНЕ треба да се откаже од деструктивниот пристап и интересите на земјата да ги стави пред партиските.
Доколку Договорот од Преспа не помине, Еврокомесарот предупредува дека партијата целосно ќе ја сноси одговорноста за затворањето на вратите на ЕУ за Македонија.
Слично
