ШТО МУ ОБЈАСНУВА КОВАЧЕВСКИ НА ПЕТКОВ: Заврши самитот за Западен Балкан
По скоро четири часа заврши самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брисел, што беше многу подолго отколку што беше планирано.
Пред почетокот на дискусиијата, камерите во централната сала ги „уловија“ премиерот Димитар Ковачевски со неговиот бугарски колега Кирил Петков во разговор кој помалку наликува на остро укажување.
Инаку, претходно високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изрази разочарување што ветото на Бугарија кон Македонија нема да биде тргнато денеска.
„Денес моравме да започнеме преговори со Албанија и Северна Македонија. И не можам да го сокријам моето разочарување, што секако е разочарување за многу повеќе луѓе. Се уште има надеж – не знам што може да направи бугарскиот парламент во наредните часови, но работите не одат добро, изјави Борел.
