Што можете да работите сезонски и колку ќе заработите?
Еве ви опции за сезонска работа во странство, берете малини за 3 евра по килограм или работете како келнер за 8 долари на час.
Берење јагоди во Финска, земјоделски работи во Британија или работа како келнер во Црна Гора е можност за заработка во текот на летото.
За овие работни места се опредуваат се почесто и младите луѓе.
Начините за вработување во странство се различни. Некои одат преку агенција, други преку студентски здруженија, трети директно се јавуваат на огласи во странство или аплицираат. Дел одат на црно и директно таму наоѓаат работа, односно сами се снаоѓаат.
Оние кои сакаат сезонска работа на далечна дестинација најпаметно е да одат преку лиценцирани агенции кои се веќе докажани.
За различни сезонски работи во странство платите се движат од 1300 долари до 10.000 долари, потврдуваат од агенциите кои посредуваат.
Еве ги цените во САД
работа во хотел 7 долари на час
келнер 8 долари на час
помошник во кујна 7 долари на час
цени во Европа
берење јагоди во Финска 2.8 евра по кг
берење малини во Финска 4 евра по кг
келнери во Црна Гора 500 евра месечно
готвачи во Црна Гора 800 евра
чување деца во Австрија и Германија до 200 евра неделно
