„Што може да згреши едно дете за ова да се случува???“: д-р. Лазаров со молба
Ова е крик за помош,Ве молам донирајте кој колку може!
Однапред се извинувам за тоа што овој пост ќе ве вознемири, но немам друг начин да ви објаснам колку не смееме да ги вратиме децата со таткото кој моментално е во притвор!
Што може да згреши едно дете за ова да се случува???
Ова го објави на социјалните мрежи доктор Ненад Лазаров кој најсрдечно им помага на сите кои бараат помош од него.
- Ова е истото детенце од Драчево кое беше претепано од таткото, друга ситуација...
Ве молам, кој колку може веднаш да донира да ја затвориме кампања
Н.б. сликите се превземени од јавен пост на мајката - пишува во објавата на Фејсбук која ви ја пренесуваме во целост.
На веб страната „еCrowd“ се споделува објава за помош за три мали девојчиња чија мајка бара поддршка за подобрување на условите во домот и психосоцијална поддршка, по излез од семејно насилство. Таа е вработена во Црвен крст и сака на ќерките да им овозможи безбеден живот.

- Во време кога ја очекувала својата втора ќерка, мајка од Скопје одлучила да вложи сè во иднината – го продала својот стан за да помогне да се изгради семејна куќа во Драчево. Во неа сакала да обезбеди топол и безбеден дом за своите три девојчиња: Нина (9), Дијана (4) и Ана Марија (3). Но, токму таму започнал кошмар кој траел премногу долго.
По серија случаи на семејно насилство, кулминирано со физички напад врз едно од децата, мајката конечно го прекинува молкот. Започната е и правна постапка – не само за заштита, туку и за преземање на домот кој самата го финансирала и бракоразводна постапка.
Таа е вработена како асистент во Црвен крст на Македонија и со сите сили се бори да им овозможи сигурен, стабилен и достоинствен живот на своите деца, без повторна траума од селење - се појаснува во објавата.
