„ШТО ЛИ ЌЕ ПРАВЕВ, АКО ПО НЕКОЕ ЧУДО, БЕВ ВО ВИЛАТА ВОДНО И ВРХОВЕН КОМАНДАНТ НА АРМ?“ Ванковска вели неблагодарно е да се врши оваа функција
Професорката Билјана Ванковска вели дека понеблагодарно од тоа да се биде претседател на државата нема и потенцираше дека не би знаела што ќе правела да би била таа на местото претседател на државата.
„Дури и по цена злобниците да ми се потсмеваат, во вакви моменти често помислувам: што ли ќе правев, ако по некое чудо, бев во вилата Водно и врховен командант на АРМ? Понеблагодарно време да ја вршиш оваа функција нема!
Искрено не знам како јас би се однесувала во вакви околности. Но она што го знам е дека не би ви соопштувала преку социјални мрежи колку сум била среќна, задоволна, трогната, восхитена и сл., ниту би уживала во културни и други настани во кои луѓе ми се додворуваат и топат од среќа кога ќе се сликаат со мене.
Ова е време на апокалипса и смрт на цивилизацијата, а Македонија не заслужува да биде на страната на милитантите и поддржувачите на геноцид. Најмалку што може да се стори е покажување (барем симболична) емпатија и повик за мир. Живеење во меур и восхит од сопствената (лична) важност е во најмала рака невкусно. Или подиректно кажано, тоа е неморално. Молкот на македонскиот државен врв е соучесништво во најужасните настани кои сме ги виделе во нашите животи.
Silere non possum!“, напиша таа.
Слично
