Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе слави Никола Димитров на 30 септември?

Што ќе слави Никола Димитров на 30 септември?

Шефот на македонската дипломатија,  Никола Димитров на 30. септември, на денот на референдумот, ќе слави роденден.

„30 септември, Денот кога ќе ставиме точка за тоа кои сме и на каков јазик зборуваме, овој пат под наши услови. Денот кога сами ќе ги отвориме вратите кон НАТО. Кон ЕУ. Кон иднината. Денот кога конечно ќе излеземе од чекалната и привременоста. За да нѐ биде, за да си ја зацврстиме државноста и за да создадеме услови за пристоен старт на следната генерација. 30 септември – љубов (кон татковината), вера (во нас самите) и надеж (во иднината). Ах да, и ова: 30 септември – родендени кај нас Димитрови“- напиша Димитров на својот профил на Фејсбук.


Граѓаните на овој датум ќе треба да гласаат на референдум за Договорот кој е потпишан со Грција, и кој ќе ги отвори перспективите за НАТО и ЕУ. 

Слично

Поврзани вести