Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе се случи ако одлучиме дека нема да го прифатиме Договорот со Грција?

Што ќе се случи ако одлучиме дека нема да го прифатиме Договорот со Грција?

Ако одлучиме дека нема да го прифатиме Договорот со Грција, тогаш треба да бидеме подготвени за уште посилно влијание на илиберални и авторитарни режими во државата, ќе западнеме во очај и ќе ги изгубиме симпатиите од меѓународната заедница, вели Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии Евротинк во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Би можело да се очекува на 28-29 јуни на одржувањето на Европскиот совет да добиеме одлука од Советот дека Македонија може да ги почне преговорите со ЕУ. Таа може да биде проследена заедно со утврдување датум за започнување проговори или за одржување на меѓувладината конференција, а може да биде само одлука за отпочнување преговори, а утврдувањето на конкретниот датум да дојде во некоја подоцнежна фаза“ - вели Стојковски. 

Aко Договорот не се прифати треба да бидеме насочени дека Македонија никогаш повеќе нема да има симпатии во меѓународната заедница и нема да има разбирање за Македонија и за спорот, смета тој. 

Слично

Поврзани вести