Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе преземе градоначалникот Шилегов за загадувањето во Скопје?

Што ќе преземе градоначалникот Шилегов за загадувањето во Скопје?

Мерките против загадувањето на Скопје ќе бидат прв приоритет на новиот градоначалник на град Скопје Петре Шилегов кој по речиси четири недели откако ја презеде функцијата на Советот на градот Скопје ќе предложи повеќе решенија.

Се планира организирање акција за генерално чистење на градот и воведување бесплатен јавен превоз во деновите кога ќе има големо загадување на воздухот.

Предвидено е да се пренаменат осум милиони денари (130 илјади евра) од градскиот буџет за таа намена, како и да се измени програмата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ за што ќе биде потребна и поддршка од Советот, но таму мнозинство веќе обезбеди коалицијата предводена од СДСМ.

За да се организира акцијата ќе се ангажираат дополнителни 1.000 работници и тие ќе добијат надомест по 100 евра. „Генералката“ ќе трае 21 ден.

Советот исто така треба да донесе одлуки за да се воведат бесплатни автобуски линии од центарот на Скопје до Средно Водно и да се овозможи бесплатно паркирање во викенди на паркиралиштата близу до почетните станици на овие линии.

Со истата одлука се предвидува и градоначалникот да може да донесува решенија за бесплатен јавен превоз во деновите кога ќе има големо загадување на воздухот.


Слично

Поврзани вести