Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе прави Заев со барањата на опозициските партии на Албанците?

Што ќе прави Заев со барањата на опозициските партии на Албанците?

Барањата на опозициските партии на Албанците нема да бидат прифатени. 

Премиерот Зоран Заев денеска ги отфрли барањата на опозициските партии на Албанците во земјата. 

Отфрлајќи ги ваквите барања, Заев рече дека „никој нема право“ да ја условува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

Ова се однесува за барањата на двете опозициски партии на Албанците, Беса и Алијансата на Албанците кои најавија уставни амандмани за унапредување на статусот на Албанците во земјата. 

Заев вели дека Охридскиот договор е дел од Уставот на Република Македонија. Според него, инклузивноста на процесот е важна, но не треба да дозволиме нашите амбиции да го минимизираат процесот. 

„Не е потребно дополнително ширење на Пандорината кутија“, вели премиерот. 

Заев смета дека уставните измени ќе бидат реализирани до јануари и не верува дека ќе има блокада од опозицијата.

Заев ги отфрли најавите за можна амнестија за учесниците во „крвавиот четврток“. 

За содржината на амандманите, Заев го информирал и својот грчки колега Алексис Ципрас. Очекувањата во Скопје се дека откако ќе заврши постапката за промена на уставот во Македонија, кон ратификација на договорот од Преспа да премине и парламентот во Атина.

Слично

Поврзани вести