ШТО ЌЕ ПРАВИ СЕГА КОСТАДИНОВ? Дали ќе се кандидира за градоначалник како независен кандидат? Еве што вели тој
Откако го замрзна членството во СДСМ, а од страна на партијата не беше предложен како кандидат за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи соопшти дека не знае што ќе прави понатаму, иако, како што вели, имал поддршка да се кандидира како независен кандидат.
„Почитувани пријатели, секојдневно добивам стотици пораки, повици, разговори – со едно исто прашање:
„Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“
Мојот одговор е: Да, можно е, но оваа одлука не е конечна ова е мисла во зачеток. Но ова не е одлука за слава, туку одговорност пред сите вас. Затоа сега е време за многу трпение, мудрост и длабоко размислување. Не сакам со ништо да им наштетам на моите другари – на луѓето со кои го делев и доброто и тешкото.
Но не можам да молчам пред оваа енергија што ја чувствувам од граѓаните.
Веќе разговарам со многумина – со народот на терен, со граѓански здруженија,
со партии, со чесни социјалдемократи и квалитетни луѓе кои тешко дека ќе се најдат на новите советнички советнички листи.
Да, сѐ е возможно. Но потребно ми е време. Одлуката ќе ја соопштам јавно,
за неколку недели – и таа ќе биде остра, конечна и целисходна. Зашто кога одговараш пред народот – мораш да бидеш подготвен не само да победиш, туку и да ја носиш победата со чест.
До тогаш, продолжуваме со народот, со идејата, со Струмица. Благодарам за големата доверба и барам максимално трпение од ваша страна“, напиша тој.
Слично
