ШТО ЌЕ ПОКАЖЕ ИСТРАГАТА - Министерот Беким Сали побара инспекциски ндзор на постапката на прифаќање и третманот на младиот ракометар
Што ќе покаже истрагата за случајот со примањето во болница и неговиот третман таму на младиот хрватски ракометар Денис Тот кој завчера почин.
Истрагата ја наредил лично министерот за здравство Беким Сали.
Од Министерството за здравство информираат дека во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство Беким Сали согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар.
По повод смртта на прерано починатиот хрватски ракометар, Министерството за здравство изрази најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски.
Слично
