Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе одлучи Судскиот совет за судиите од „Труст“?

Што ќе одлучи Судскиот совет за судиите од „Труст“?

Советот за утврдување факти доставил предлог до Судскиот совет во кој се бара да бидат разрешени пет члена од Кривичен совет на Врховниот суд каде прв човек е Јово Вангеловски, кој одлучуваше за притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

Покрај Вангеловски, разрешување се бара и за судиите Ристо Катавеновски, Рахилка Стојковска, Џемали Саити и Фаик Арслани.

Барањето за отворање на ваква постапка е поради несовесно постапување на судии од Апелациониот суд во Скопје и на Врховен суд.

Судијката на претходна постапка, Даниела Димовска, не го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор за Кочан по сите три основи за негово изрекување сметајќи дека постојат многу мали шанси тој повторно да се даде во бегство.

СЈО го обжали решението, а Кривичниот совет донесе спротивна одлука, која делумно беше потврдена и од Апелациониот суд во Скопје.

Врховниот суд спротивно на законот прифати да расправа за вонредниот правен лек на Јавното обвнителство, иако беше ненадлежно, доставено од јавниот обвинител Ацо Колевски и одлучуваше за притворот на Кочан. 

Советот за факти ја отвори постапката за случајот со бизнисменот Сеад Кочан по иницијатива на невладината организација „Зелена лупа“.

Инаку, Кочан повеќе од два месеци беше недостапен за органите на прогонот со изговор дека се наоѓа на службен пат.

Слично

Поврзани вести