ШТО ЌЕ ОДЛУЧИ ОРБАН: Уште нема абер од Унгарија за испораката на Груевски
Министерството без правда уште чека одговор на барањето за екстрадиција за екс премиерот Никола Груевски од надлежното унгарско министерство. Ова го потврди министерката за правда Рената Десковска.
-Предвидениот краен рок за одговор не е поминат. Ќе чекаме и доколку не добиеме одговор во зацртаниот рок, ќе бараме итна евакуација. Тоа се стандардни процедури кои се спроведуваат. Досега Унгарија никогаш не одбила да испорача ниту една личност - кажа министерката.
Унгарското Министерство за внатрешни работи нема информации за тоа како поранешниот македонски премиер Никола Груевски влезе во земјата.
УНГАРИЈА НЕ ЗНАЕ КАКО ГРУЕВСКИ ДОШОЛ ВО ЗЕМЈАТА
И додека се чека на одговорот за испорака јавноста дозна дека Груевски барал азил во унгарската амбасада во Тирана.„Ние не знаеме како Груевски ја напушти Македонија, но тој пристигна во Унгарија според националните и меѓународните правила“, се вели во писмото од Министерството за надворешни работи на Будимпешта.
Според министерството, „барањето на Груевски не е политичко, туку правно прашање“. Во документот се нагласува дека „Унгарија ќе гради добри билатерални односи со Македонија и ќе ја поддржи земјата на патот кон членство во ЕУ“.
Кабинетот на Виктор Орбан одби да одговори на прашањето „Дали Груевски користел унгарски дипломатски автомобил“. „Нашата институција нема овластување за вакви податоци“, е краток одговор од канцеларијата на Орбан за РСЕ.
Груевски е првиот македонски премиер кој е осуден на две години затворска казна а ќе му се суди во уште пет кривични дела за кој го гони СЈО.