Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе направи државата за враќање на незаконски изнесените вредни икони?

Што ќе направи државата за враќање на незаконски изнесените вредни икони?

Oд Владата соопштија дека е утврден законот што ќе овозможи враќање на незаконски изнесените, вредни икони, во Македонија. 

Владата го разгледа и утврди Предлогот на закон за ратификација на Договорот за соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, за враќање на незаконски изнесени икони во земјата на потекло. Предлог законот ќе го достават до Собранието на Република Северна Македонија.

„Со ратификацијата на Договорот, според образложението од Министерството за надворешни работи, исклучително вредното културно наследство, за кое што претходно се договорија Северна Македонија и Албанија, ќе биде вратено во Република Северна Македонија. Ова ќе ги продлабочи и унапреди културните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија и ќе ја манифестира сериозната посветеност на двете држави во ефективната заштита на културното наследство и имплементацијата на меѓународните конвенции од оваа област“, стои во соопштението од Владата. 

Претходно, во полициските билтени имало случаи каде беа пријавени кражби на икони. 

Слично

Поврзани вести