Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе донесе Законот за финансиска дисциплина?

Што ќе донесе Законот за финансиска дисциплина?
Новодонесениот Закон за финансиска дисциплина стапува на сила од денеска. Треба да воведе ред во наплаќањето на побарувањата, а за доцнењата е предвидена законска камата. Бизнисмените очекуваат многу од ова законско решение, кое треба да ја подобри ликвидноста на приватниот сектор. Според Законот, кој претставува европско решение, во иднина за два или четири месеца, согласно склучен договор треба да се исплатат сите побарувања, а во спротивно побарувачот има право да пресметува и законска камата. Ваквите европски рокови од денеска важат за приватните компании, додека за државните институции ќе стапат на сила дури по две години. Во меѓувреме државата и натаму ќе има флексибилни рокови за да ги подмири своите обврски кон приватните компании.  
Слично

Поврзани вести