Што ќе донесе новата средба Димитров - Коѕијас во Виена?
Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе одржат нова средба на 25 месецов во Виена.
Точниот датум сè уште не е утврден, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
„Сè уште сме големи оптимисти и разговорите ќе продолжат со истата динамика. Бараме решение што ќе биде достоинтвено за граѓаните на двете држави“- вели Бошњаковски.
Последната средба на Димитров и Коѕијас се одржа на 12 април во Охрид. Димитров тогаш изјави дека разговарале за сите прашања и ставови што ја прават разликата во спорот за името.
Грчките медиуми пишуваат дека многу веројатно е новите разговори да се однесуваат на временскиот период за решавање на спорот за името. Мај е клучниот месец за решавање на спорот за името, потенцираат од двете страни.
Слично
