Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе донесе циклонот Глорија во Македонија?

Што ќе донесе циклонот Глорија во Македонија?

Влијанието на циклонот Глорија ќе биде почувствувано во земјава, па така ќе има услови за дожд, а можни се и ретки грмежи.

Најпрвин во западните предели, а потоа и во останатите ќе има повремени врнежи од дожд кој сепак најинтензивни ќе бидат на запад и север каде локално ќе наврнат од 15 до 20 л/м2 воден талог. Локално ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец додека маскималните дневни температури на воздухот и натаму ќе бидат далеку над просекот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Слично

Поврзани вести