Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ИМА ЈАС ДА МИСЛАМ НА ДРУГИТЕ, КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ МОЈОТ ЛИЧЕН КЕИФ: Еве што вели Савески за преновогодишниот периодот

ШТО ИМА ЈАС ДА МИСЛАМ НА ДРУГИТЕ, КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ МОЈОТ ЛИЧЕН КЕИФ: Еве што вели Савески за преновогодишниот периодот

Предновогодишниот период е вообичаено време кога се разгоруваат дебатите за пукање петарди поради фактот што иако се забранети ги има во огромен број и постојано се случаат звучи на пуканти петарди во деновите пред дочекот на Новата година. Дополнително што за време на дочекот на најлудата ноќ, главниот град звучи како воено поле од огромниот број петарди кои се испукуваат. 
На оваа тема се огласи и нашиот економист Здравко Савески, укажувајќи дека „леснотијата со која се фрлаат петарди е само уште еден од морето примери за гнилоста на капиталистичката цивилизација“.

- Преевтините петарди (аспект на капиталистичката економија и политика) се фрлаат за личен кеиф (аспект на капиталистичката култура) без разлика што тоа има крајно погубни последици по многу животни во урбаните средини (уште еден аспект на капиталистичката култура).

Со други зборови, што има ЈАС да му ја мислам на другите, кога е во прашање мојот личен кеиф, плус кога тој личен кеиф можам да го истерам на евтин начин. И, разбира се, кога мои се парињата, па имам свето право да ги арчам како сакам. Гнилоста на капиталистичката цивилизација пуштена до максимум! - напиша Савески на Фејсбук.

Еве го неговиот пост: 


Неговиот пост предизвика бројни коментари, меѓу кои повеќето го осудуваат однесувањето на граѓаните кои им дозволуваат, па дури и им купуваат петарди на своите деца. Иако имаше и такви кои се обидоа да дадат нов аспект на проблемот, да го сведат на објаснување кое има позадина, иако сите се свесни за опасноста која ја носат петардите. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести