Што им порачал Рама на албанските лидери во земјава?
Албанскиот премиер Еди Рама на прашањето што порачал на средбата со лидерите на албанските партии, денеска изјави дека изборите се случуваат овде и тоа е работа на партиите во Македонија, а Албанија и тој немаат врска со тоа.
Рама вели дека неговата средба со лидери на политички партии во земјава нема никаква врска со изборите.
„Таа средба немаше никаква врска со изборите. Изборите се случуваат овде, тоа е работа на партиите во Македонија. Албанија и јас лично немаме врска со ова прашање. Изборите се спроведуваат во нашата соседна пријателска држава Македонија“- рече Рама.
Албанскиот премиер Рама денеска во Скопје освен со Ахмети се сретна и со лидерите на Алијансата за Албанците и на БЕСА, Зијадин Села и Биљал Касами.
Слично
