Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што им порача внуката на Гоце Делчев на демонстрантите?

Што им порача внуката на Гоце Делчев на демонстрантите?

Демонстрантите кои се против промена на уставното име на Македонија синоќа објавија видео порака и од внуката на револуционерот Гоце Делчев, 96-годишната Катерина Трајкова, која воедно му била и секретарка на Методија Андонов-Ченто.

„Да ја сакате и чувате Македонија за век и веков“ – рече таа.

На протестот имаше и видео-порака од внукот на херојот Никола Карев. 

„Секогаш Македонија, никогаш Северна“ беше мотото на протестот. 

Слично

Поврзани вести