Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ИМ ПОРАЧА НИКОЛОВСКИ НА СВОИТЕ: Не се фоткајте по кафеани и внимавајте со фејсбукот

ШТО ИМ ПОРАЧА НИКОЛОВСКИ НА СВОИТЕ: Не се фоткајте по кафеани и внимавајте со фејсбукот

Нема лабаво до изборите на 12 април. Шефот на Централниот изборен шатб на СДСМ, Љупчо Николовски, им испратил писмена порака на општинските изборни штабови, но и на сите функционери на СДСМ - да бидат одговорни и дисциплинирани, да внимаваат како се однесуваат кон граѓаните, но и да не одат по кафеани и одмори, и особено од тоа да не објавуваат фотографии на социјалните мрежи, бидејќи тоа би ги иритирало граѓаните. 

Еве што точно напишал Николовски во своето, како што пишува „задолжение“ до штабовите и функционерите. 

„Во периодот кој следи, од 20 јануари до изборите до 12 април, сите функционерои на СДСМ, на сите нивоа, неопходно е да се посветат на извесната изборна победа и активностите согласно насоките на Општинските изборни штабови и Централниот изборен штаб. 

Многу важно, очекувам и барам крајна одговорност и дисциплина во однесувањето, кон граѓаните, во приватниот живот и објавите на социјалните мрежи.

Од тоа зависи каква порака испраќаме кон граѓаните. 

Затоа, приватни патувања, одмори, седење во кафеани, кафетерии и ресторани, не треба да има.

Многу важно: фотографии од кафеани, одмори, ресторани, кафетерии, воопшто да нема. 

Одиме на победа на 12 април, организирани, мобилизирани, но пред се одговорни пред граѓаните, нивните потреби, и секако посветени на нашите пораки од кампањата.

Тоа треба да биде видливо и од нашето однесување, како и во сите наши комуникации, секаде.

Затоа, објавите на социјалните мрежи, мора да бидат фокусирани единствено на политиките на СДСМ, на интересот на граѓаните и државата и во функција на кампањата. 

Оваа, како што некои ја нарекуваат партиска директива, била напишана и испратена на 14-ти овој месец. 

А на социјалните мрежи веќе излегоа првите негодувања и шеговити досетки за задолжението кое до функционерите го испрати Николовски.

„Луѓето си сакаат вакви татковски партии, кои ги подучуваат и ги насочуваат.

Твоја партија нема шанси кога сака да работи со слободно-мислечки и зрели луѓе.
Не се работи ни за чист клиентелизам изгледа туку за потребата од припаѓање на едно големо семејство во кое има кој да те заштити па ако треба и да те искара.
Исто па дури и многу полошо е во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ, напиша професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил.

Реагираше на фејсбук и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

„Дали забраната за фотографирање по кафеани и сл. важи само за членови на СДСМ или и за симпатизери и треба ли наназад да се бришат вакви вотки“, прашува професорот. 

Слично

Поврзани вести