Што им порача Бејли на македонските лидери?
Американскиот амбасадор Џес Бејли вели дека Македонија донесе историска одлука.
Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на вашите избрани претставници, порача вечерва амбасадорот Бејли во врска со изгласаните уставни измени во Парламентот.
„Вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени што се потребни за да се имплементира Договорот од Преспа со Грција“, вели тој.
Во пораката објавена на ФБ профилот на американската Амбасада во Скопје, Бејли вели дека кога процесот ќе заврши со ратификување од страна на Грција, овој Договор конечно ќе го реши спорот со името, што предолго ги спречувал граѓаните на Македонија да ги реализираат своите цели за членство во НАТО и во ЕУ.
„Ги поздравувам вашите лидери во Владата и во Собранието поради нивната визија, храброст и истрајност во барањето на решение и ставањето на долгорочните стратешки интереси на Македонија на прво место“, напиша Бејли.
Тој додава дека со нетрпение ја чекаат Македонија во НАТО.