Што „им напишаа“ инспекторите на Грда Скопје на куќите изградени од стари кревети
Комуналните инспектори на Град Скопје им изрекоа опомена на дивонаселените во близина на НБРМ, пред зградата на АСТЕРА и лицата лоцирани под Кале, каде што има импровизирани живеалишта меѓу кои и изградени од стари кревети.
Тоа следи по извршениот увид на терен, при што е констатирано нарушување на комуналниот ред и јавната чистота, односно непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота.
„Тргнувајќи од фактот дека Градот Скопје има обврска да се грижи за чистотата во градот, а особено да превенира и да се справува со причинителите на загадувањето на воздухот, комуналните инспектори на Градот извршија увид на јавните површини во делови од градот на кои се поставени импровизирани живеалишта. На основа на ингеренциите што ги има Град Скопје и секогаш водени од потребата на граѓаните, Градот Скопје има намера да го решава ова прашање кое години наназад се провлекува“ соопшти Градот.
