ШТО ИМ КАЖА ГЕРМАНСКОТО МНР НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ: Германија за Северна Македонија е земја со висок ризик
Германското Министерство за надворешни работи ги информира своите граѓани дека Германија за Република Северна Македонија е држава која моментално спаѓа во земјите со висок ризик од коронавирусот.
„Ширењето на болеста на дишните патишта COVID-19 води до засилени контроли, здравствени прегледи со мерење температура, а во поедини случаи и до забрана за влез во многу земји. И Владата на Република Северна Македонија презема соодветни мерки. Според листата на македонското Министерство за здравство што постојано се актуелизира, Германија моментално спаѓа во земјите со висок ризик од инфекција“, стои на веб страната на германското Министерство за надворешни работи.

„Карантинот може да се спроведе приватно, во домашни услови или во хотел. Престапите против овој пропис за карантин можат да доведат до кривичноправни последици“, се вели во објавата од германското министерство.
Уште во тоа известување се додава дека „за време на карантинот не е можно да се отпатува од Северна Македонија“.
