Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што и порача Могерини на Македонија?

Што и порача Могерини на Македонија?

Високата претставничка на ЕУ, Федерика  Могерини порача дека патот кон Европската Унија е неповратен, а вратите се отворени. 

По состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската унија, ги повикаа сите политички партии и граѓаните да ја поддржат имплементацијата на договорот за името со Грција. 

„Сетете се, пред само еден месец договорот не беше потпишан, поканата за НАТО не беше доделена и ја немаше одлуката на Советот со временска рамка за преговори, за помалку од еден месец се наоѓате во сосема различно место“- вели Могерини.

Со доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан идниот вторник во Скопје почнува и скрининг процесот како прв чекор кон отворање на пристапните преговори со ЕУ во јуни 2019-та. 

Владата најави дека ќе остане посветена на реформите во најкритичните сектори до почетокот на преговорите.

Слично

Поврзани вести