Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО И ПОРАЧА БИБЕР НА ЗАХАРИЕВА - ако Тито не смее да се слави во ЕУ, како влегоа Словенија и Хрватска

ШТО И ПОРАЧА БИБЕР НА ЗАХАРИЕВА - ако Тито не смее да се слави во ЕУ, како влегоа Словенија и Хрватска

Бугарското МНР апсурдно тврди дека не смее да се слави Тито во ЕУ. Чудо е што Словенија и Хрватска влегоа во ЕУ (сигурно ги промашив и сите македонски прослави на Тито)“, напиша Флоријан Бибер, професорот на универзитетот во Грац, експерт за политиката и историјата во Југоисточна Европа.

Тој на својот  твитер-профил го искоментира ставот на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која објаснувајќи го спорот со Македонија порача дека не може државата од една страна да сака да влезе во ЕУ, а истовремено да го слави, како што рече, еден од најмрачните диктатори – Тито.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева повтори дека Македонија не е подготвена да започне преговори со ЕУ и го обвини Скопје за ширење омраза кон Бугарија.

„Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа и вршиме услуга на Москва“, рече Захариева.

Слично

Поврзани вести